Македонија
3. September 2026 - 16:29

Нови комунални возила за општините

Јавните комунални претпријатија се подновуваат со скоро 49 нови возила. Со пари од Светска банка, набавени се мултифунцкионални камиони, возила и машини за чистење на улиците и собирање на отпадот.  Вицепремиерот Николоски истакна дека набавката е реализирана преку транспарентен процес, а опремата чини 4,2 милиони евра.

„49 нови возила ќе им бидат доделени на Град Скопје и на општините за подобрување на комуналната хигиена. Инвестицијата е вредна 4,2 милиони евра и се реализира со поддршка од Светска банка. Во рамки на проектот се обезбедени 17 мултифункционални возила, 3 мултифункционални возила со соодветни механизми, 9 специјализирани камиони и 21 машина за чистење на улиците“, изјави Алекандар Николоски, заменик претседател на Владата.

Најголемиот дел од возилата, 27 ќе бидат користени за да се собира ѓубрето низ руралните делови на Скопје. Во моментов претпријатието располага со 50 возила кои се фунцкионални, но на дневна база се случува честопати да се расипат, вели градоначалникот.  

Возилата не се единствениот проблем за одржување на градот чист, туку и претоварните станици и старите контејнери. 

Надлежните велат дека  наскоро стигнат и дополнителни контејнери кои ќе бидат распордени низ скопските улици. 

На промоцијата на комунална опрема беше и премиерот кој порача дека наследивле државата на колена, а денес Македонија оди напред.

Прмиерот додаде дека следен чекор е испораката на автобусите коишто би требало многу скоро да почнат да се испорачуваат до општините за организирање на еколошки јавен градски превоз.