Нови правила за вработување во здравството
Во здравството отсега ќе се вработуваат само најдобрите кандидати според бодовите од конкурсот.
Со измените на Законот за здравствена заштита, директорите на здравствените домови и болниците повеќе нема да можат самостојно да одлучуваат кој ќе добие работа доколку не е прворангиран на листата.
Предлогот дојде од Левица, а доби поддршка и од владејачкото мнозинство. Со новите правила, директорите ќе мора задолжително да го изберат кандидатот кој освоил најмногу бодови.
Од власта велат дека со измените ќе се намали можноста за партиски влијанија при вработувањата. Сепак, посочуваат дека останува отворено прашањето – што ако двајца или повеќе кандидати имаат ист број бодови.
Иако гласаа заеднички, собраниската дебата не помина без политички препукувања чија е заслугата за законското решение.
Измените се дел од договорите постигнати на последната лидерска средба, а од нив се очекува да донесат пофер и поконкурентен систем на вработување во здравствениот сектор.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар
