Loading Video...
Свет
18. March 2026 - 16:37

Нови удари и елиминации во Иран

Израел продолжува да елиминира високи функционери во Иран. Во текот на ноќта убиен е министерот за разузнавање Есмаил Катиб. Ова е десетта елиминација на високи функционери на Техеран од почетокот на војната, меѓу кои и врховниот лидер Али Хаменеи.

-Преку ноќ беше елиминиран и иранскиот министер за разузнавање Хатиб, кој беше одговорен за внатрешната репресија и апаратот за атентати на режимот, како и за унапредувањето на надворешните закани против Израел и земјите во регионот, рече Катц,

Ракетните напади продолжуваат и денеска. Техеран погоди станбен комплекс во централен Израел во кој загинаа двајца повозрасни израелци.

Фокусот на Тел-Авив, откако вчера целеше кон нуклеарната централа Бушехр денеска беше Бејрут и позиции на Хезболах.

Во меѓувреме, во Европа се разгорува дебатата околу иранската криза. Германија смета дека воздушни напади нема да доведат до промена на режимот.

-Едноставно верувам дека ова мора да се развие одвнатре во земјата и за среќа веќе има позитивни знаци за ова, вели шефот на германската дипломатија.

Шпанија, која уште од почетокот е против нападот на САД и Израел, ќе продолжи да ја поддржува Украина, чиј претседател Володимир Зеленски денеска беше на средба со премиерот Педро Санчез.

-Ќе продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ со ист интензитет, рече Санчез.

Воздушната операција која ја почнаа Вашингтон и Тел-Авив го поделија НАТО, а голем дел европски сили се оградија дека тоа не е нивна војна.