Македонија
27. March 2026 - 16:30

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски

Новиот државен јавен обвинител, Ненад Савески нема да ги коментира изјавите на премиерот кој го повика како приоритет да најде одговор како Катица Јанева од затвор ги вратила во судска пракса предметите од СЈО, но и како им се судело на луѓе за тероризам врз основа на изнудени сведоштва. 

Што ќе направи за гласините дека предмети се чуваат во обвинителските фиоки, Савески вели дека само неколку дена е на функцијата, не им ги отворил фиоките на обвинителите. Прво што направил и ќе прави во следниот период е средби со колегите од обвинителствата. 

Савески беше одбран за републички јавен обвинител минатата недела. Владата го предложи, а пратениците со 66 гласа го одбраа за да раководи со државното јавно обвинителство. Иако е на предлог на Владата, премиерот кажа дека лично не го познава, но имал одлична биографија и искуство. Опозициската СДСМ пак се плаши дека тој нема да делува независно и ќе одлучува по диктат на Владата. Савески има став дека државниот јавен обвинител не е политичка фигура.