Македонија
1. April 2016 - 19:28

Ново намалување на лековите е дополнителна заштеда кај граѓаните

Од денеска во аптеките 165 лекови се продаваат по пониска цена. Поевтини терапијата речиси за сите заболувања. Новото намалување на цените на лековите ќе значи дополнителна заштеда за граѓаните, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. За 4 години ова е 9-та корекција на цените Опфатени се околу 4900 медикаменти. Некои поефтинија еднаш,а други повеќе пати. Заштедата за граѓаните и болниците е над 33 милиони евра.

-Наместо да ги потрошат за лекови, граѓаните ги заштедија. Тоа е главниот бенефит. Ќе продолжиме и понатаму со истражување на пазарот и можностите за намалување на цените на лековите. Во минатото се тврдеше оти намалувањето на цените на лековите ќе придонесе за снемување лекови на пазарот и оти ќе стане неисплатливо за фармацевтските компании да се продаваат лекови по таа цена. Тоа се покажа како тотално неточно. Сега имаме деветто намалување на цените на лековите во кое има намалување за дури 40 до 50 отсто. Очигледно дека во минатото кога немаше регулација во овој сектор профитите на фармацевтските компании беа енормни на грбот на болните и на граѓаните, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на новите простории на Државниот архив и МВР во Куманово, сместени во реновираниот објект на поранешниот Дом на АРМ.

Груевски нагласи дека министерството за здравство и во иднина ќе работи на можни нови намалувања на цените на лековите.Ќе се внимава да не се загрози работењето на фармацевтските компании, а на прво место ќе бидат граѓаните да не плаќаат големи цени за лекови, а некој да профитира на нивното здравје.