Новозеландска пратеничка исфрлена од Парламентот заради говор за Газа
Ко-лидерката на Зелената партија, Клое Сварбрик, ги предизвика владините пратеници да го поддржат законот на нејзиниот член со кој му се дозволува на Нов Зеланд да воведува санкции врз Израел „за неговите воени злосторства“.
-Ако најдеме шест од 68 владини пратеници кои имаат ‘рбет, можеме да застанеме на вистинската страна од историјата, рече Сварбрик.
Претседателот на Претставничкиот дом, Гери Браунли, рече дека изјавата е „целосно неприфатлива“ и ја повика Сварбрик да се повлече и да се извини или да го напушти Претставничкиот дом до крајот на неделата.
Сварбрик одби да се извини и рече дека „со задоволство“ ќе си замине.
Браунли подоцна ја потврди својата одлука, но рече дека Сварбрик може да се врати од среда ако се извини.
Претходно, вицепремиерот Дејвид Сејмур се спротивстави на тоа што Сварбрик има палестински шал, или кефије, закачен на нејзиното седиште. Членовите на Зелената партија носат кефии во Претставничкиот дом од 2023 година.
Министерот за надворешни работи Винстон Питерс вчера изјави дека владата на Нов Зеланд ќе го разгледа својот став за признавање на државата Палестина во текот на следниот месец.
Речиси 150 земји-членки на ОН веќе ја признаваат палестинската државност, но важните западни земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, не го прават тоа.
Ново на Сител
-
Во матичните амбуланти во Велес зголемен бројот на болни од стомачен вирус
-
Возел пијан и удрил во малолетничка па го напуштил местото, приведен возач во Македонска Каменица
-
Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа
-
Приведен 55-годишен скопјанец, со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК
-
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-
Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор