О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
Малата рурална општина Карбинци годинава бележи значителен раст на приходите од данокот на имот, како резултат на проширувањето на даночната основа. Градоначалникот Виктор Паунов, нагласува дека општината навремено ги изготвила и доставила решенијата до граѓаните. Според неговите проценки, наплатата на данокот на имот оваа година би можела да биде четирикратно поголема во однос на лани, што веќе се одразува врз општинскиот буџет.
- Пред се поради фактот што општината пред извесно време започна постапка за репроценки на данок на имот на територија на општина Карбинци, но и најголем процент поради инвестициите, кои најголем дел беа во енергетскиот сектор и од годинава за прв пат се предмет на даночење. Општина карбинци веќе го чувствува овој бенефит од истите, изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци
Минатата година, Општина Карбинци оствари целосна, односно 100-процентна наплата на данокот на имот. Доколку истиот тренд продолжи и годинава, тоа ќе донесе дополнителни средства во буџетот и ќе овозможи поефикасно реализирање на планираните активности.
- Важно е за нас да останеме присебни во оваа фискална и даночна политика, кога се во прашање граѓаните, да не го почувствуваат како удар врз нив, туку оваа политика биде сведена на една динамика која ќе биде прифатлива за сите, додаде Паунов.
Паунов нагласи дека зголемените приходи треба да се вратат кај граѓаните преку нови проекти и подобрување на локалната инфраструктура.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
