Обезбедена поддршка од ОБСЕ за изработка на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

Министерството за односи меѓу заедниците (МОЗ) соопшти дека е обезбедена значајна поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ за Стратегијата за развој на интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032 со Акциски план, која Министерството почна да ја изработува во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во согласност со заклучокот од седница на Владата.
Како што наведува МОЗ во соопштение, со поддршката од ОБСЕ за изработка на документот се создаваат услови за квалитетна и навремена реализација на предвидените активности.
-Процесот на изработка на стратегијата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза Министерството за односи меѓу заедниците ќе формира меѓуинституционални кластерски работни групи кои ќе изготват извештај за степенот на реализација на актуелната стратегија (2024-2026). Паралелно со ова, потребно е да се направи проценка на потребите и перцепциите на граѓаните на РСМ по однос на меѓуетничките односи. За таа цел ќе се подготват прашалници, ќе се организираат фокус-групи и ќе се спроведат интервјуа, за што е потребно ангажирање на домашен експерт. Активностите од првата фаза се очекува да бидат финализирани до крајот на септември 2026, информира МОЗ.
Во втората фаза, пак, е предвиден ангажман на повеќе домашни експерти, кои заедно со работните групи ќе работат на изготвување на финалниот текст од стратегијата. Оваа активност, посочува Министерството, треба да заврши до крајот на годинава.
-Со ваквата поддршка и партнерски пристап се овозможува сеопфатен и инклузивен процес на креирање на стратешкиот документ, кој ќе придонесе кон унапредување на интеркултурализмот и зајакнување на општествената кохезија во државата, наведува Министерството за односи меѓу заедниците.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”
-

Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран
-

НАСА ја лансираше мисијата Артемис II, прв лет со екипаж кон Месечината по повеќе од половина век
-

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу брзо, исклучително силни напади во наредните недели
-

Возел во спротивна насока, а кога бил запрен му се заканувал на полицискиот службеник, приведен вработен во МВР
-
Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Центар
-
Облачно со дожд, на повисоките местa и снeг
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
