Македонија
2. April 2026 - 16:35

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада

Армијата се подмладува со 300 нови професионални војници. Објавен е огласот за македонските граѓани на возраст од 18 до 25 години кои се физички подготвени  и сакаат да придонесат во чувањето на безбедноста на Македонија. На одбележувањето на денот на Првата пешадиска бригада министерот за одбрана Мисајловски порача дека новите кадри ќе бидадат додадена вредност на армијата.

Од 2012-та кога е формирана најголемата единица во македонската армија на тактичко ниво - Првата пешадиска бригада, го зазема приматот на најголем маневарски и борбен капацитет на Армијата, порача началникот на Генералштабот, Лафчиски.

Единицата активно учествува во мировните мисии како дел од НАТО силите. За зголемување на оперативноста и мобилноста Армијата неодамна се модернизира  и со 17 нови лесни оклопни возила „Страјкер“ набавени од САД.