Свет
12. September 2025 - 13:38

Објавена фотографија од пушката со кој беше убиен Чарли Кирк | ФОТО

„Њујорк пост“ пренесува дека пушката со која е убиен Чарли Кирк е пронајдена замотана во крпа во шумска област по убиството на Кирк.

Сè уште нема официјална потврда дека оружјето на фотографијата е употребено во убиството на Кирк.

Кирк (31) беше убиен со еден истрел испукан од растојание од околу 200 метри додека одговарал на прашање од публиката.

Извори веруваат дека фаталниот истрел е испукан од муниција со висок калибар - слична на онаа што се користи во снајперските пушки со долг дострел или за лов на крупен дивеч.