Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда

Конечно по три дена неизвесност од КК Црвена Звезда објавија дека соработката со нивниот досегашен тренер Саша Обрадовиќ е раскината. Прекинот се должи на неуспехот во АБА лигата и елиминацијата по два натпревара од големиот ривал Партизан.
Обрадовиќ оваа сезона го освои Купот на Србија и успеа да избори „плеј-ин“ во Евролигата каде Ц.Звезда беше елиминирана од Барселона.
До крајот на сезоната во рамки на првенството на Србија на клупата на „црвено-белите“ на Ф4 турнирот во Ниш ќе биде Милан Томиќ.
Тој ја има улогата во клубот задолжен за спортските прашања, а со клубот има титула во АБА лигата и во првенството на Србија.
Инаку, Саша Обрадовиќ втор пат заминува од Црвена Звезда, откако се врати во клубот во октомври 2025 година. Претходната сезона со Монако играше на Ф4 во Евролигата и клубот од Белград имаше големи амбиции за сериозен чекор во Евролигата, па дури и учество на Ф4 турнирот во Атина. Екипата влезе во серија лоши резултати во Евролигата и пад на формата во дуелите со Партизан.
Ново на Сител
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
-

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни, но и родители што ќе одбијат да соработуваат со училиштето
-

Лавров: Неколку земји побараа членство, но БРИКС нема да брза со проширување
