Обвинение за возачот кој возејќи со слепило со 99% намалена видна функција усмрти пешак минатата година
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против лицето кое, управувајќи товарно возило без важечка возачка дозвола и со утврдена попреченост – слепило, удри пешак на регионалниот пат Пепелиште–Неготино, при што пешакот подлегна на повредите. Лицето се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот.
Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, обвинетиот на 3 декември 2024 година на регионалниот пат Р1103, делница Пепелиште–Неготино управувал товарно моторно возило „Ситроен Џампер“ со истечена возачка дозвола и покрај тоа што имал утврдена попреченост – слепило со 99% намалена видна функција.
На критичното место викано „Лаки“, со ретровизорот удрил во главата на пешакот Ангелина Ангелова, која била отфрлена од патот и кај која биле предизвикани тешки телесни повреди – скршување на черепот, вратни пршлени и повеќе коски од кои починала.
Кај оштетената, дополнуваат, исто така е утврден одреден пропуст бидејќи имала можност визуелно да го забележи товарното возило и навреме да го избегне, но тој пропуст е од секундарен карактер согласно извршеното вештачење.
Во текот на истрагата, обвинителството утврдило дека обвинетиот бил корисник на инвалидска пензија и додаток за попреченост, но сепак управувал со возило и успеал да ја продолжи возачката дозвола за време на истражната постапка.
Оттаму побарале проверка на начинот на стекнување на возачката дозвола и инвалидската пензија, како и на веродостојноста на медицинската документација.
МИА
Ново на Сител
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога