Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
Повеќе од осум месеци чекаат одговор од Уставниот суд, а сега бараат итно постапување. Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат нивните иницијативи за оценување на уставноста на измените на законите со кои беа намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители, итно да бидат разгледани.
Потсетуваат дека и самиот Уставен суд претходно изразил сомнеж дека намалувањето може да ја загрози независноста на обвинителството и правото на соодветна заработувачка. Затоа бараат судот конечно да одлучи и да ја прекине неизвесноста.
Обвинителите бараат ова прашање да биде нотирано и во претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, оценувајќи дека станува збор за дополнителен ризик за самостојноста на Јавното обвинителство.
Уставен засега нема никаков одговор по барањето на Здржението.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
