Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
Мерка притвор бара обвинителството за насилниот татко кој вчера претепа две деца од младинската екипа на “Брегалница” од Штип на натпреварот против “Шкупи” од Скопје. Како што информираше МВР 43- годишниот скопјанец, родител на гостински играч влегол на теренот и физички нападнал двајца малолетни фудбалери на домашниот тим. Момчињата завршија во болница – едното со скршен нос, другото со повреди на главата и вратот. Со овие дејствија тој предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
- Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, сооштија од ОЈО.
ОД Фудбалската федерација на Македонија го осудија инцидентот и најавија дисциплинска постапка и соработка со институциите.
- Ваквото однесување е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери. Особено загрижува што едно од децата претрпе сериозни повреди, скршеници, како последица од нападот.
ФФМ најавува дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки за сторителите на инцидентот. Ќе биде покрената дисциплинска постапка против ФК “Шкупи” и одговорните лица, со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори, велат од ФФМ.
Нападот преку соопштенија на нивните официјални фејсбук страни го осудија и двата клуба.
- Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на било кој фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст. На повредените деца им посакуваме брзо закрепнување и апелираме до институциите професионално да ја испитаат денешната случка и соодветно со највисоки казни да ги санкционираат виновниците.“, бараат од ФК “Беласица”.
Фудбалот не е и не треба да биде арена на физички конфронтации, туку поле каде што се соочуваат талентот, тактиката и спортскиот менталитет, реагираа и од ФК “Шкупи”.
- Како клуб со долга традиција и историја во нашата земја, ФК „Скопје“ апелира оваа ситуација да се надмине и ваквите инциденти да не се повторат во иднина. Духот на фер-плејот и љубовта кон фудбалот секогаш треба да бидат над сè друго, нашишаа од клубот.
Овој инцидент отвори сериозни прашања за безбедноста на спортските терени без разлика дали играат први тимови или младински екипи.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар