Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
Јавното обвинителство најавува средба со семејствата на жртвите во кочански Пулс по поднесеното обвиниение на крајот од оваа работна недела. Од Обвинителството велат дека се подготвени на секое семејство прецизно да му објаснат детали од постапката во која во моментов се опфатени 34 лица.
„Јавното обвинителство стои на располагање и доколку семејствата имаат такво барање во следните денови ќе организира средба на која ќе ги информира за сите аспекти од поднесеното обвинение без да ја нaруши натамошната постапка. Воедно, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во обвинителството добија и директен контакт и им беше посочено дека сите семејства на жртвите можат во секој момент во обвинителството во Кочани директно да се информираат за текот на постапката“ – велат за Сител од Основното јавно обвинителство.
Опозицијата и денеска бара одговорност од врвот на МВР
Помина времето кога каблите беа криви за пожарите, врати владејчката ВМРО-ДПМНЕ
Освен основното обвинителство, постапка за пожарот во Кочани води и Обвинителството за организиран криминал кое во акција на почетокот на неделава приведе 13 полициски службеници кои биле на служба вечерта за време на пожарот.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар