Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“

Обвинителот Дарко Јакимовски на денешното рочиште продолжи со презентирање електронски докази и видеа поврзани со настапите на музичката група ДНК, како и снимки од критичната вечер кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој појасни дека доказите се прибавени од социјални мрежи, медиумски објави и од видеа снимени од присутни лица. Според Обвинителството, материјалите се релевантни за утврдување на начинот на сценски настап на групата, користењето пиротехника и моментите непосредно пред и по избувнувањето на пожарот.
Јакимовски истакна дека видеата покажуваат дека групата имала јасно дефиниран сценски распоред, кој се повторувал на повеќе настапи, а пиротехничките средства биле користени и во затворени простори. Особено внимание беше посветено на движењето на починатиот член на групата, Мартин Атанасов-Буци.
Обвинителот продолжи со прикажување видеа од самата критична вечер, на кои се гледа моментот на активирање на огнометот и почетокот на пожарот. На некои од снимките се гледа и излезот од дискотеката од надворешната страна, каде што голем број луѓе се обидуваат да излезат преку една единствена врата.
Јакимовски потенцира и на моментите кога се активирале прскалките, како и на точната локација, на која, според видеата, почнал пожарот.
МИА
Ново на Сител
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
