Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
Нема да има застој во предметите за трагедијата во кочанската дискотека во кои се обвинети полицајци, тврдат од Јавното обвинителство.. Не откриваат кој обвинител во иднина ќе ги застапува случаите откако советот на Јавни обвинители одлучи да не и го продолжи мандатот на Ивана Трајчева Алексова, но уверуваат дека ниту еден започнат процес нема да трпи неоправдано одолговлекување..
„Јавното обвинителство е единствен орган и евентуална промена на јавен обвинител во текот на водењето на предметите, што може да се случи од најразлични причини, не одразува врз динамиката и начинот на водење на постапките. Промената на обвинител судот ја нотира, а судењето продолжува онаму каде што запрело, односно нема никаква потреба за повторување на постапките“, велат од Јавното обвинителство..
По реакциите на јавноста и сомнежите дека промената на обвинителот може да доведе до одолговлекување на постапките, од јавното обвинителство апелираат за внимателност бидејќи како што наведуваат сите јавно изнесени шпекулации и невистини, длабоко ги вознемируваат семејствата на жртвите и целокупната јавност.. Од обвинителствоото порачуваат, новинарите и други професионални организации да се воздржат од јавно коментирање на трагедијата за да не се дозволи како што велат, неосновано зголемување на болката..
„Имајќи ја предвид сериозноста на овој настан, сите јавни личности кои имаат општествено влијание, треба да внимаваат да не предизвукуваат неоснован немир во јавноста преку изјави, објави на социјални мрежи ли која било друга форма на јавно изразување која би била вознемирувачка“, велат од обвинителство..
Во меѓувреме реагираа и родителите на загинатите.. Од синоќешниот марш во Кочани побараа враќање на обвинителката Трајчева Алексова бидејќи таа подолг период работела на предметите, па нејзината замена е ризик за одолговлекување на судските постапки против полицајците..
Советот на јавни обвинители едногласно во петокот одлучи да не и даде мандат на обвинителката Трајчева Алексова со образложение дека шанса во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, треба да добијат и други обвинители.. Во разговор за Сител, таа рече дека не сака да ја коментира одлуката на обвинителскиот совет..
„Тоа е нивна одлука, на било кој начин нема да коментирам одлуката на советот. Тие одлуки се задолжителни“, изјави Ивана Трајчева Алексова..
И премиерот се воздра од коментар , одлуките биле работа на Советот на обвинители..
За неисполнување на полициските должности при контролите на Пулс, со три различни обвиненија потпишани од обвинителката Трајчева Алексова, се гонат вкупно 23 полициски службеници.. За 13мина од нив, првото судско рочиште е закажно за во среда, почеток на судењето со нов обвинител чекаат уште деветмина од обвинитетите.. За тројца судењето е во тек..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
