Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по дописот на Боки 13
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет по дописот на шоуменот и неформален сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, кој е во затвор.
Тој бараше средба со шефот на ова обвинителство да поднесе кривични пријави и да му достави материјали, таканаречени „бомби“, кои, како што рече, сведочеле за висока корупција и криминал. Јовановски бараше средба со Абази, оти, како што вели, само во него имал доверба.
Јовановски прво доставил допис до Обвинителство, а потоа неговите адвокати го доставија тој допис до јавноста. Во него Јовановски наведува дека има материјали во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографии и видеа, за криминални дејствија на личности од највисоки државни структури од политиката, правосудството, бизнисот...
Инаку Јовановски е во затворот во Идризово. Тој е правосилно осуден на девет години затвор во „Рекет“, а на уште девет е првостепено осуден и за случајот „Меѓународен сојуз“, за перење пари и дела поврзани со измама.
Ново на Сител
-

Најладно во Берово, измерен еден степен, температурата до 26 степени
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
