Loading Video...
Кошарка
10. October 2022 - 17:58
Очекувано Партизан подобар од МЗТ Скопје А.
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во регионалната АБА лига. Попладнево во СЦ Јане Сандански, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го пречекаа Партизан во натпревар од 2.коло на АБА лигата.
Гостите од Белград ја потврдија улогата на фаворит и очекувано забележаа победа со 92-74.Целата работа околу победникот берше решена во првиот период во кој црно-белите направија предност од 16 разлика, која во продолжението рутинирано ја одржуваа и зголемуваа, за на крајот за слават со 18 поени реазлика.
Најефикасен на натпреварот, а воендо и во таборот на македонскиот првак беше со Страхиња Мичовиќ со 18 поени, еден повеќе од Мајкл Кафи. По 17 поени на спротвната страна постигнаа Ексум и Нанали.
Покрај овој натпревар во овие моменти се игра и дербито на колото и тоа во Подгорица, каде Будуќност ја пречекува Црвена Звезда.
А, токму црногорскиот тим ќе биде и следниот противник на аеродромци и тоа веќе во сабота во Подгорица.
Во меѓувреме МЗТ Скопје ќе треба да го одигра и натпреварот од 2.коло во домашното првенство и тоа на гости во Гостивар.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->