Од 1 Јули во Бугарија зголемување на сите пензии за 11 отсто
Бугарската Влада одлучи од 1 Јули пензиите во државата да бидат зголемени за 11 отсто.
- Тој потег се презема согласно швајцарско правило за сите пензионери, најави Деница Сачева од пратеничката група на ГЕРБ на заеднички брифинг со владините формации.
Таа додаде дека ќе се задржи дефицитот од 3 отсто, а еврозоната ќе продолжи да биде приоритет.
Одлуката е реакција на тензиите во коалицијата што настанаа при првично усвојување на буџетот од Советот на министри, јавија бугарските медиуми.
Првичниот предлог за зголемувањето на пензиите во Бугарија беше за два начина – пензионерите со пониски пензии се очекуваше од 1 јули годинава да добијат зголемување од 11 отсто, додека оние со повисоки да добијат зголемување што ќе го надмине растот на инфлацијата.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз