Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
Министерката за образование и наука потврди дека од 1 септември ќе ги има учебниците по странски јазик кои подолго време недостигаа во наставата.
- Со огромно задоволство – да, ќе има, одговори Јаневска на прашањето дали учениците ќе имаат учебници во новата учебна година и соопшти дека се донесени одлуки/ одобрени се за англиски и за германски јазик од прво до деветто одделение.
Ги покажа првите примероци и соопшти дека до петок ќе има и за останатите јазици, француски и италијански, како што рече „по многу години недостиг на учебници по странски јазици“.
- Процедурата тече и јас сум длабоко убедена дека на 1 септември ние ќе ги имаме сите учебници, истакна Јаневска на прес-конференција која беше посветена на воведување на вештачката интелигенција во средното образование.
На новинарско прашање министерката одговори дека заедно со Државниот испитен центар (ДИЦ) МОН ќе ја објави средната (просечна) оценка од успехот на матурантите на тестовите од двата екстерни испита од државната матура, кои ги полагаа на 31 мај и 11 јуни.
- Колку што сум запознаена од директорката на ДИЦ, сѐ уште се прават анализите кои се обемни. Јас претпоставувам дека тие средната оценка ја имаат, но е придружена со анализи за училиштата, наставните предмети итн. и верувам дека во најскоро време и тоа ќе биде готово и ќе го соопштиме, додаде Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27