Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
Возрасни лица од 1-ви септември ќе можат да учат во средни стручни училишта и да имаат своја професија. СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип воведува нови профили за возрасни како дел од наставната програма.
- Во однос на неформалното образовани, образованието за возрасни, ќе се нудат квалификации и до квалификации за оние повозрасни луѓе кои во текот на своето време не успеале да го стекнат соодветното образование. Насоките кои ќе бидат во однос на возрасните се направени врз база на добра анализа на пазарот на трудот. Ќе бидат монтери за инсталација на електрични мрежи и инсталација на електрични системи од електро струката, изјави Јованка Шалева, директорка на СОУ „Коле Нехтенин“- Штип
Од машинството, ќе можат да се стекнат со дипломи за бравар и заварувач. Од следната учебна година училиштето го менува статусот и од општинско се трансформира во државно, поточно во регионален центар за стручно образование и обука.
- Тоа значи дека голем фонд, средства ќе се имплементираат и вклучат во нашето училиште, во вид на подобрување на инфраструктурата, во опремување на кабинетите и збогатување на практичната настава, додаде Шалева
Бидејќи се работи за средно стручно училиште со дуално образование, интересот и кај учениците од година во година расте.
- Дуалното образование е всушност еден многу добар проект што подразбира поврзување на училиштата со реалниот бизнис сектор. Учениците одат на практична настава во компаниите, каде што она што теоретски го научиле во нашето училиште, практично го применуваат таму, изјави Шалева
Компаниите имаат бенефит, што идниот кадар го обучуваат според сопствените потреби.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар