Македонија
7. July 2025 - 14:40

Од 16 алкотестирани 7 лица управувале пловен објект под дејство на алкохол во Охрид

Викендов (05/06.07.2025) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при Регионалниот центар запад, како и инспектори од Капетанија на пристаништата Охрид, реализираа засилени акциски мерки согласно Законот за внатрешна пловидба.

Притоа, во водите на Охридското езеро, кај  13 пловни објекти и 13 лица констатирани се 22 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, при што три лица се затекнати при управување скутер за време на забрана, евидентирани се седум случаи на управување на пловен објект без пловидбена дозвола, како и пет случаи на управување без стекнато уверение за управување пловило. Исто така, алкотестирани се вкупно 16 лица и кај седум лица е утврдено присуство на алкохол во крвта. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.