Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
81 ден по големата трагедија во Кочани 12 повредени се уште се на болничко лекување. Седуммина пациенти се во странство, еден од нив и понатаму е во тешка состојба, а 5 –мина се хоспитализирани на Клиниката за пластична хирургија и во Аџибадем Систина, информираше директорот на Фондот за здравство на трибината во Владата “Кочани е нашиот приоритет”.
Како што рече Клековски на Пластична и во Старата градска на 16 пациенти им биле направени ПРП третмани за заздравување на лузните, а 46 одат на рехабилитација во кочанската болница. За реакциите на социјалните мрежи од дел од повредените дека државата не води доволно грижа и не набавува материјали за медицинска нега, здравствените власти велат дека сите потреби на болницата биле покриени.
- Во болницата во Кочани моментално сите потреби за дополнителна нега се решени, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО.
Работна група од седум лекари од различни специјалности ќе го следи напредокот при лекувањето и соистојбата на пациентите. Само еден пациент кој е на третман во Словенија таму продолжил и со рехабилитација, за најголемиот дел од останатите засега овој процес ќе се реализира во Македонија, а има и барање од неколку повредени кои беа лекување во Софија да се вратат повторно таму. Доколку има медицинска оправданост за дополнителен третман надвор, од Владата најавија дека ќе ги покријат трошоците. Од планираните 30 милиони државни пари потрошени се 21 милион.
- Државата стои на располагање и ќе стои се до оној момент додека не добиеме јасна слика и додека не си ги вратиме пациентите тука назад во Македонија и да ги излекуваме до крај, рече Ивица Томовски, директор на СОЗР.
Генералниот секретар ан Црвениот крст информираше дека досега од донаторската сметка биле иплатени 107 милиони денари на семејствата на настраданите ни повредените, останати се околу 49 милиони денари.
- Збирно, средствата кои беа исплатени на семејствата на починатите изнесуваат 52.038.593 денари, рече Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Македонија.
Од опозициската СДСМ критикуваат дека Кочани не е приориотет на Владата, бидејќи пратениците на ВМРО ДПМНЕ одбиле помош, а денеска лицемерно, не човечки и арогантно држеле трибина.
- Еден месец Владата нема министер за здравство, здравството се распаѓа по секој основ, кочанската болница се распаѓа, тие политика тераат и дебати држат. Сè што има се донации од хумани луѓе. Ова е срам за цела држава. Срам за една власт што избра да ја пере својата бездушност со трибини наместо со вистинска грижа. СДСМ нема да молчи. Ќе ја бараме правдата до крај, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Од пожарот во дискотеката Пулс, загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар