Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
Авиокомпанијата истовремено ќе го базира шестиот воздухоплов во својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје, што е значаен чекор напред за поддршка на нивната експанзија со нови авиолинии на македонскиот авијациски пазар, се вели во соопштението од ТАВ Македонија, кое МИА го објавува интегрално.
Како резултат на плодната соработка на ТАВ Македонија, Вир ер и Владата, од идната летна сезона на летање која почнува на крајот од март 2026, Меѓународниот Аеродром Скопје за прв пат ќе се поврзе со Неапол (Италија), а повторно ја воведува дестинацијата Будимпешта (Унгарија). Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид пак, добива директни летови до Милано Малпенза (Италија) и Вроцлав (Полска), а ја враќа рутата до Катовице (Полска).
Успешното партнерство меѓу ТАВ Македонија и Виз ер носи уште еден резултат. Авиокомпанијата ја зголеми флотата за уште еден авион во својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје и досега вкупно 13 нови рути од двата аеродроми, најавени годинава.
Со директните поврзувања со едни од најатрактивните европски градови, ТАВ Македонија го збогатува изборот на патниците и ја доближат земјава до европските дестинации.
Новите летови заедно со повторно воведените дестинации од Скопје и од Охрид ќе бидат уште една можност да се запознаат нови култури, да се видат нови историски обележја, да се почувствуваат нови традиции.
„Со ова проширување на мрежата на авиолинии, двата македонски аеродроми добиваат засилена улога како клучни врати кон Европа и пошироко. Овие нови авиолинии се резултат на нашата стратешка соработка со Владата и со авиокомпанијата Виз ер, со цел да се зголемат можностите за патување и мобилност на граѓаните. Сигурен сум дека новите дестинации како Неапол од Меѓународниот Аеродром Скопје, Милано и Вроцлав од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид како и враќањето на Будимпешта од скопскиот аеродром и Катовице од охридскиот, ќе бидат атрактивни за граѓаните и ќе придонесат кон конкуретноста на двата аеродроми во регионот, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Новите авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе ги спојат сите вљубеници во патувањето со Неапол - градот на уметноста и гастрономијата, родното место на пицата и влезната порта за спектакуларното Амалфи крајбрежје и со Будимпешта – „Бисерот на Дунав“ со величествени мостови, термални бањи и архитектура што раскажува европска историја.
Летовите од Скопје до Неапол и до Будимпешта од скопскиот аеродром ќе стартуваат на 30 март 2026 година, а ќе се реализираат секој понеделник, среда и петок.
Од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид пак, патниците ќе имаат можност директно да се поврзат со полските градови Катовица и Вроцлав, модерни индустриски и културни центри, познати по живописните музички фестивали, по готска архитектура и урбана енергија, како и Милано, светската престолнина на модата и дизајнот.
Летовите од охридскиот аеродорм до сите 3 дестинации ќе се одвиваат два пати неделно, до Милано Малпенза ќе стартуваат исто така на 30 март 2026 година, а додека за Вроцлав на 7 јуни и Катовице, на 8 јуни идната година.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Пет активни пожари, еден изгаснат
-
Приведени две лица, на отворено палеле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици и да ги продадат
-
23-годишен маж со тврд предмет нападнал двајца роднини на неговат сопруга со која е во бракоразводна постапка
-
Три лица се тепале на паркинг во Ѓорче Петров
-
Едно лице со употреба на сила го одзело накитот на 37-годишна жена на Бит Пазар
-
Јавниот превоз во Скопје за продлжениот празничен викенд по неделен возен ред
-
МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“