Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи

Белгија во наредните години планира постепена замена на традиционалните розови хартиените возачки дозволи, се до нивното целосно укинување во 2033 година, од кого во употреба ќе бидат само пластичните верзии на дозволите.
– Хартиените возачки дозволи ќе истечат во 2033 година. Потоа сите ќе имаат возачки дозволи во стилот на банкарска картичка, информира портпаролот на белгиската Федерална јавна служба за мобилност, Томас Де Шпихеларе.
Тој посочи дека целта на оваа замена е сите жители на ЕУ да користат ист тип возачки дозволи, кои ќе бидат препознатливи низ целата Унија и нивната валидност лесно ќе може да се провери во секоја земја членка.
– Луѓето на кои од сега ќе им биде потребна нова возачка дозвола, од една или друга причина, по автоматизам ќе добиваат дозвола по моделот на банкарска картичка. Ова значи дека хартиените возачки дозволи постепено се укинуваат, изјави Де Шпихеларе за белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ.
Според него, со приближувањето на 2033 година, Службата за мобилност ќе започне активности во соработка со локалните власти за „целосна транзиција“ кон пластични возачки дозволи.
Иако белгиските хартиени возачки дозволи се уште се официјално признати низ целата територија на Европска Унија, сепак, според Де Шпихеларе, забележани се случаи кога некои Белгијци со вакви дозволи имале проблеми со локални полиции во странство, па дури заработиле и казни.
Де Шпихеларе додаде дека и пластичните возачки дозволи, како и хартиените, ќе мора да се менуваат на секои 10 години, или, како што нагласи, „кога повеќе нема да изгледате како на фотографијата на вашата возачка“.
– Претпоставуваме дека изгледате малку поинаку на секои 10 години, истакна Де Шпихеларе.
МИА
Ново на Сител
-

Сан Антонио го победи Портланд во првиот натпревар од плејофот, Вембањама постигна 35 поени
-

Гостиварец остана без „мерцедес“ откако возел 178 км/ч на место каде е дозволено 80
-

Научници развија сензор за откривање дијабетес преку дишење
-

Зеленски: Европа треба да разработи сопствен систем за противракетна одбрана
-

Артета: Премиер лигата почнува одново, Сити има натпревар помалку, Арсенал е три бода понапред
-

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
-

Вардар 1961 по 18. пат го освои трофејот во Купот на Македонија
-

Пратениците ќе ги разгледуваат амандманите поднесени на Предлог законот за Советот на јавни обвинители
