Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола
На 07.07.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за БСП на патиштата низ земјава, од вкупно 902 издадени платни налози дури 148 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 21 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 220 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига, соопшти МВР.
Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 82 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 193 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 40 лица кои некористеле сигурносен појас.
Изречени се 33 санкции за користење мобилен телефон при возење, а прекршочни санкции добиле и 15 возачи почетници, пет возачи за престигнување и двајца возачи на електричен тротинет.
Исто така согласно Законот за возила, 46 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата, велат од министерството.
Ново на Сител
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?