„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани

Синоќа во Домот на културата во Вевчани, КУД, ,Дримкол" го одржа својот традиционален годишен концерт со наслов „Од Битола до Вевчани се сардисано".
Концертот оваа година беше посветен на традиционалниот фолклор од југозападното играорно подрачје.
Синоќа Вевчанци со песна и оро тргнаа од Битола, преку Железник во Долна Преспа, потоа во Охрид и низ Струшкото поле стигнаа во своето Вевчани.
„Особено ни е драг овој концерт, бидејќи ја презентиравме традиционалната играорна култура на Брсјаците. Публиката со воодушевување ја прифати програмата и ја награди со силни аплаузи“, истакнуваат од КУД,,Дримко".
И со овој концерт КУД ,,Дримкол" докажа дека е достоен чувар на традиционалната култура во нашата држава. Концертот е финансиски поддржан од министерството за култура на РС Македонија .
Ново на Сител
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
