Од декември построги услови за кредит

Земањето кредит од 1 декември ќе биде потешко. Народната банка со нови правила со кои се намалува делот од месечната плата што оди за отплата на кредитот, а се скратува и рокот за враќање.
Кај денарските кредити, ратата до сега можеше да биде до 50% од платата. Со измените лимот ќе биде помал за 5 процентни поени или 45%.
Односно ако платата изнесува 60,000 денари. можеше да се земе кредит, чија рата не треба да биде повисока од 30,000 денари.
Со новите измени, месечнаат рата ќе може да е максимални 27 илјади денари од приходот.
Кај кредитоте со валутна компнента, лимитот се намалува од 45 на 40 отсто од вкупниот приход.
Се скратува и рокот на отплата. Кај станбените кредити од 30 на 25 години, а кај хипотекарните потрошувачки од 20 на 15 години.
За купување прв стан, лимитите, остануваат непроменети -50% кај денарските и 45% кај кредитите во друга валута. Исто така и максималниот рок за отплата останува непроменет 30 години.
Целта на зиемните, според Народната банка е да се намали ризикот на домаќинставта да влезат во преголеми долгови.
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
