Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици

Од денеска, 6 септември, престануваат да важат привремените олеснувања при примената на европскиот систем за влез и излез (EES).
Досега земјите-членки можеа привремено да го прекинат земањето отпечатоци од прсти и скенирањето на лицето кога на граничните премини се создаваа поголеми метежи. Со укинувањето на оваа можност, туристичките агенции и авиокомпаниите предупредуваат дека повторно може да се појават долги редици и доцнења.
Од Европската комисија, пак, оценуваат дека системот во текот на летото генерално функционирал добро и ги истакнуваат неговите придобивки за безбедноста.
Биометриските проверки сепак го продолжуваат времето потребно за обработка на патниците. Според податоци од авиоиндустријата, проверката која претходно траела околу 20 секунди, со EES може да трае и до 90 секунди по патник.
На големите аеродроми во Франкфурт, Минхен и Амстердам времето на чекање веќе е двојно подолго во споредба со минатата година, а во одредени европски сообраќајни центри во периодите со најголема фреквенција се чека и до два часа.
Туристичките здруженија поради тоа бараат од Брисел да ја продолжи можноста за привремено олеснување на проверките барем до крајот на зимската сезона. Тие предупредуваат дека дел од аеродромите сè уште немаат доволно автоматизирани киосци и персонал за непречено спроведување на системот.
Се предупредува дека укинувањето на флексибилноста може да донесе нови доцнења во септември, особено за патниците кои во ЕУ пристигнуваат од земји кои не се членки на Унијата.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
