Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55 отсто.
Од полноќ бензините поскапуваат по два, а дизелот еден денар.
Според одлуката, цената на моторниот бензин „Еуросупер БС-95“ се зголемува за два денари по литар и ќе изнесува 93 денари, додека „Еуросупер БС-98“ исто така поскапува за два денари и ќе се продава по 95 денари за литар.
Цената на дизел горивото „Еуродизел БС (Д-Е V)“ се зголемува за еден денар и од утре ќе изнесува 100 денари за литар.
Без промена останува цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), која ќе изнесува 110 денари за литар.
Мазутот М-1 НС поскапува за 1,300 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 55,573 денари за килограм.
Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
МИА
Ново на Сител
-

Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство во кикбокс: Над 1.000 натпреварувачи од 41 држава, Македонија ќе атакува на четири медали
-

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија
-

Менувал оценки, бришел испити и запишувал семестри за пари – полициска акција во Штип и Скопје
-

Неизвесен е настапот на Ѓоковиќ на Мастерсот во Париз
-

Зеленски изјави дека хакирањето на руската апликација за предупредување било одмазда
-

По 28 години пешачење околу светот, Карл Бушби конечно се врати дома
-

Северна Кореја ги отфрла обвинувањата на САД за хакирање на „Бајнанс“
