Македонија
7. August 2025 - 16:33

Од стартот на летото над 2000 сообраќајки на македонските патишта, 22 со фатални последици

За три месеци од стратот на летото на македонските патишта се случиле повеќе од 2000 сообраќајни несреќи од кои 22 завршиле фатално, говори статистиката на МВР. Двојно е зголемен бројот и на сообраќајни незгоди во кои учествувале странски државјани кои транзитираат низ Македонија. Ако во мај се случиле 33 сообраќајки во кои учествувале странци, во јуни нивниот број двојно се зголемил, односно 62. За среќа во ниту еден случај не завршиле со смртни последици.

Но полицискиот билтен бележи зголемување на сообраќани несреќи на целата територија. Само во мај се случиле 617, од кои 6 со смртни последици. И во јуни црниот биланс се повторил од 697 сообраќајки, 6 биле со жртви. Во јули од 780, 10 завршиле со смртни последици. Во најголем дел од нив главни причини за незгодите се поради неприлагодена брзина на патот.

И покрај апелите на полицијата учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон препораките, особено во лето по патиштата е зголемена фреквенцијата на возила, само вчера МВР регистрирала 698 сообраќајни прекршоци - поради неприлагодена брзина, за неправилно паркирање и непоседување возачка дозвола.

Санкционирани се 46 возачи на електрични тротинети, додека пак од сообраќај се отстранети осумина возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.

Покрај ова, вчера за 27 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 24 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, а изречени се 49 мерки за возачи на мотоцикл заради неносење заштитен шлем.

Повеќе од 4.415210 странски државјани ги поминале македонските граници од мај до јули годинава.

Статистиката на МВР говори дека најмалку странски државјани поминале во мај или близу 900 илјади, на стартот на летото, а најмногу во јули, кога е и пикот на летната сезона или вкупно 2.546.031.Полицијата најавува засилени контроли во и надвор од населените места.

Се зголемува бројот на сообраќајни несреќи по македонските патишта за време на летниот период. За три месеци, бројот на несреќи надминал над 2000, а 22 од нив завршиле со смртни последици. МВР регистрирала двојно зголемување и на бројот на сообраќајки во кои учествувале странски државјани кои транзитираат низ Македонија, но за среќа без фатален исход.