Македонија
29. December 2021 - 16:35

Од утре се укинува бесплатниот градски превоз, загадувањето на воздухот не е алармантно

Од утре повторно ќе се наплаќа билет во автобусите. Загадувањето е намалено и се укинува мерката за бесплатен јавен превоз, но од градот најавија засилени инспекциски контроли на инсталациите. Во буџетот за следната година предвидуваат средства за бесплатен јавен превоз, 24 милиони денари за субвенции за инвертери, средства за набавка на велосипеди, електрични возила  и тротинети.

Освен долгови и  неколку отпочнати  проекти, претходниот градоначалник не оставил ништо за реализација во следната година обвини актуелното раководство. Во новиот буџет се предвидени средства за продолжување на мостот АСНОМ, реконструкција на неколку булевари, кружен тек, проект за мост кај последна 5ка во Ново Лисиче, пари за уредување и отворање на Луна паркот.

Од СДСМ обвинија дека Арсовска за три пати го намалила буџетот за животна средина и реагираат на укинатата мерка за бесплатен јавен превоз по само еден ден од воведувањето.  

Од СДСМ велат – „Со ваквиот пристап Арсовска не го решава проблемот со загадувањето на воздухот во главниот град, нема ниту знаење ниту способност за тоа и покажува неспособност и аматеризам.“

Советот на Град Скопје денеска го разгледува буџетот за новата 2022.