Македонија
24. May 2021 - 16:45
Од утре стартува собирањето потписи за референдум против реформите во образованието
Граѓанската иницијатива поднесе барање до ДИК за распишување референдум за дигиталните учебници. Од утре до четврток треба да соберат 100 потписи за да се прифати оваа иницијатива. Граѓаните ќе можат да го дадат својот потпис во подрачните одделенија во Центар и во Битола.
Од иницијативата закажаа за в среда протести во целата држава.
Оваа иницијатива следи откако поднесоа 600 потписи за референдум до Собранието и им беа одбиени со образложение дека не биле собрани на законски начин. Од иницијативата најавија дека за своите барања ќе се обратат и до делегацијата на ЕУ и ОН.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
