Од утре забрана за движење во шумите
Од утре (1 јули) ќе стапи во сила забрана за движење во шумите и ќе важи до крајот на август, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, како што посочуваат од Министерството, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.
-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите - ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат, соопшти МЗШВ.
Ново на Сител
-
Целосна забрана за движење во шума од денеска до 31 август
-
Маск го нападна законот на Трамп за даноци и трошоци
-
Без вода населба Радишани
-
Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје
-
САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари
-
Амандманска расправа за законите за реформа на администацијата во Комисијата за политички систем
-
Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија
-
Лидерска средба ЕУ - Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст