Од вторник облачно со врнежи од дожд

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд.
Во вторник се очекува врнежите да бидат претежно во западните и северните делови. Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 km/h.
Минималните температури ќе се движат од 1 до 10, а максималните од 12 до 24 степени.
Од УХМР посочуваат дека во недела и понеделник следува преодна стабилизација на времето. Во недела времето ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
