Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО

Припадниците на Генералштабот денеска го одбележаа Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО. На одбележувањето, покрај министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, поранешни началници на Генералштабот, активни и пензионирани генерали, претставници од Министерството за одбрана, како и команданти на првопотчинетите команди и единици на Генералштабот на Армијата.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски во обраќањето пред присутните изрази благодарност до сите сегашни и поранешни припадници на Генералштабот, највисокото стручно тело во Армијата кое ги носи стратешките одлуки за тоа како ќе изгледа македонската Армија утре, после пет години, после десет години.
-Вашата посветеност, визија, вклучувајќи го и креирањето на плановите за опремување и модернизација на Армијата ни го покажува правецот кој мораме да го поставиме за да имаме силна Армија, способна да ја исполни својата уставна обврска, а тоа е безбедна и сигурна држава - рекол министерот за одбрана.
Мисајловски додаде дека синергијата која постои помеѓу Министерството за одбрана и Армијата е јасна и видлива.
-Ќе продолжиме на истиот начин. Ќе продолжиме со истата посветеност, со истата љубов кон татковината заеднички и здружено да ја развиваме македонската Армија - рече Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
