Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
Некогашниот скопски монопол, местото од каде тргнаа на пат од кој не се вратија и по 83 години сведочи за депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта. Македонија се сеќава на Холокаустот кога цела заедница беше депортирана и уништена во Треблинка. Да не се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи и да се заборават возовите на смртта, побараа од еврејската заедница.
Сеќавањето и борбата против омразата се наша историска должност, порача премиерот Мицкоски кој се поклони пред споменикот во некогашниот монопол.
Одговорноста за делата кои ги правела нацистичка Германија се уште лебди кон денешна Германија, порачаа од германската амбасада во земјава.
Малкумина од Евреите во Македонија успеале бидат спасени од логорот на смртта. Нивните приказни ги раскажуваат потомците.
Преставници на државниот врв, амбасадори, пратеници, граѓани се поклонија пред споменикот во некогашниот монопол од каде 7144 евреи присилно тргнаа на нивното последно патување кон логорот на смртта Треблинка.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
