Спорт плус
13. September 2016 - 19:46

Одбојкарите ги завршија подготвките за квалификациите за ЕП 2017

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва заминува за Романија за градот Крајова каде од петок ги почнува натпреварите на првиот квалификациски турнир за Европското првенство во 2017 година. Нашите одбојкари последниве три дена тренираа во Струмица откако поради земјотресите го напуштија Скопје. Македонија се наоѓа во група со Романија, Чешка, Естонија, а вториот турнир се игра следниот викенд во Чешка. Првопласираната селекција ќе игра на ЕП, а втората ќе разигрува во бараж.