Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави за Ормуз

Разговорите меѓу Иран и неколку заливски држави за спорната Ормуска Теснина се одложени, соопшти синоќа Оман.
Оманскиот министер за надворешни работи, Бадр ал-Бусаиди, изјави дека состанокот закажан за денеска е одложен „во интерес на консензусот“.
„Остануваме посветени на поттикнувањето дијалог што ја поддржува стабилноста и трајната соработка во нашиот регион“, напиша тој на X.
Тој не објави нов датум ниту дополнително ги објасни причините за одложувањето.
Министрите за надворешни работи на Иран, Ирак, Оман, Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија беа поканети да присуствуваат на разговорите.
Се очекуваше Ал-Бусаиди и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи да ги брифираат владините претставници за состојбата со преговорите.
Техеран и Маскат со недели преговараат за механизам за регулирање на бродскиот сообраќај низ протокот, кој е клучен воден пат за глобалната трговија со нафта, гас и ѓубрива. За иранските власти, Ормуската Теснина стана важно средство за притисок во нивниот конфликт со САД.
Набрзо по избувнувањето на војната на крајот на февруари, Иран во голема мера го блокираше сообраќајот низ протокот користејќи закани и напади врз бродови.
Пред конфликтот, протокот беше отворен за пловидба. Американската морнарица, од своја страна, воведе поморска блокада на иранските пристаништа.
Иран бара отстапки од американската влада во согласност со оние договорени во рамковниот договор во јуни.
Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме се обиде да изврши притисок врз Иран преку „економска војна“.
МИА
Ново на Сител
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
-

Малолетничка пријавила дека била допирана по телото од ученик во основно училиште во Скопје
-

Кривична за маж кој 8 месеци силувал дете помало од 15 години
-

Мицкоски: По шест месеци најавување „скандали“ за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, парите се за економија
-

Сведочење на судењето на 13 полицајци за „Пулс“: Не изгледаше дека ќе биде сериозна ситуација
-

Мицкоски до Филипче за рудниците: Ние не ја распродаваме државата, туку го враќаме она што вие го распродадовте
-

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги
