Одлуката на солунскиот суд за екстрадиција на Грујевски и Бошковски ќе биде објавена на 5. Јануари
Екс министерката Јанкуловска и поранешниот шеф на управата за безбедност и контраразузнавање Мијалков се појавија во кривичниот суд, но поради отсуство на еден од адвокатите рочиштето се одложи. Јанкуловска и Мијалков се дел од листата обвинети на СЈО за случаите Таргет и Тврдина кои поради поврзаноста беа споени во еден, а се однесуваат на незаконското прислушување.
Во случајот покрај Јанкуловска и Мијалков обвинети се и Тони Јакимовски кој беше шеф на кабинетот на Мијалков и екс началникот на петата управа Грујовски, како и Никола Бошковски кои се во притвор во Грција. На изненадување на јавноста, денеска во судницата како обвинет беше прочитано и името на Владимир Варелов, исто така вработен во УБК чиј идентитет според досегашните информации од истрагата го користел Грујовски при патувања надвор од државата.
Поранешниот началник на петатат управа Горан Грујовски и Никола Бошковски новогодишната ноѓ со сигурност ќе ја поминат во притворот во Грција. За 5 јануари денеска судот во Солун го одложи соопштувањето на одлуката за екстрадиција, откако двајцата преку нивните адвокати побарале да ја слушнат на македонски јазик, што не било возможно поради отсуството на преведувач. Грчкиот обвинител претходно ја одобрил екстрадицијата.
Следното рочиште за случајот Таргет-Тврдина во скопскиот кривичен суд е закажано за 17 јануари.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
