Одземени четири лиценци на управители на згради при вонредна контрола на Регулаторната комисија за домување

Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти - управители на станбена згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци.
Целта на вонредната периодична проверка, информираа денеска од РКД, беше добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување ("Службен весник на Република Македонија" бр.160/2025), според кој управителите на станбени згради беа должни најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење согласно со неговите одредби.
Со извршената проверка биле опфатени правни лица – управители на станбени згради со седиште во повеќе градови во државата, меѓу кои Скопје, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица, Штип, Битола, Кичево, Велес, Куманово, Кочани и Кавадарци.
При проверката констатирано е дека 62 правни субјекти го имаат усогласено своето работење.
- Кај 4 управители, од кои 3 се со седиште во Скопје и една во Струмица, констатирани се неправилности, недоставени податоци или неисполнување на обврските утврдени со закон. Еден од управителите со одземени лиценци не извршувал дејности над кои ние како комисија имаме надлежност повеќе од 6 месеци наназад и со тоа свесно се откажале од управувањето. Две од правните лица-управители после одземањето на лиценците си ги завршиле комплетно своите обврски согласно Законот за домување, во поглед на враќање на средствата од резервен фонд и изготвување на завршни финансиски извештаи, изјави Никола Затуроски, претседател на Регулаторната комисија за домување.
Според последните податоци на РКД, во државава вкупно 8.053 станбени згради се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици. Со лиценцирани управители се 5.600 објекти, со договори за вршење управувачки услуги со вкупно 135.338 посебни делови, односно станови и деловни простории. Податоците од Централниот регистар, пак, покажуваат дека до средината на декември минатата година има 2.453 активни регистрирани Заедници на сопственици.
МИА
Ново на Сител
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
