Официјална посета на Руте во земјава
НАТО не е вклучено и не е дел од акцијата на САД и Израел во Иран, но добро е што е елиминиран режимот со ликвидација на Али Хаменеи и тоа што е елиминирана нуклеарната програма на Иран која беше закана за целиот свет. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте од Скопје ја испрати првата официјална порака по ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток. НАТО, уверува тој ја гарантира безбедноста на целата територија на нејзините членки.
Тој е во официјална посета на државата, а домаќин е претседателката Горадана Сиљаноска Давкова.
Првиот човек на Алијансата демантира дека имало повик од Трамп НАТО да се вклучи воено во операцијата во Иран, но и дека покрај разногласието на држави членки во НАТО по однос на начинот на кој е изведена акцијата, нема разлики во поддршката за елиминацијата на воена моќ на Иран.
Македонија е безбедна, вели и претседателката Сиљаноска, но целосна безбедност на западниот Балкан е можна само преку евроинтеграцијата.
Руте и Сиљаноска ја потврдија заедничката заложба и поддршка на Уркаина и завршување на руско-украинскиот конфликт, како и тоа дека Македонија ги исполнува критериумите за доволно инвестиции во одбраната и набАвката на оружје. Слични пораки Руте испрати и пред македонските пратеници.
Додека најголем пратеници говорот на генералниот секретар го поздравија со аплауз, пратениците на Левица излегоа со анти НАТО транспаренти. Руте на тоа виде доказ дека во Македонија има демократија.
Филипче пак, вели членството на НАТО е заслуга на СДСМ, а придобивките од тоа ги чуствуваме денеск когаЕвропа е најзагрозена од кога и да е.
Во агендата на Руте е и работен ручек со премиерот Мицкоски, но и посета на касарната Илинден каде домаќини се министерот за одбрана Мисјаловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски. Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
