-->
-->
Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-->

Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови на денешното гласање за избор на шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Според официјалните резултати што ги објави Советот на јавните обвинители, Хаџи Василева добила 64 гласа, додека втор според бројот на освоени гласови е Трајче Пеливанов со 57 гласа.
Јован Цветановски освоил 30 гласа, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест гласа.
Од вкупно 187 јавни обвинители со право на глас, гласале 175, додека 12 не го искористиле своето право на глас. Четири гласачки ливчиња биле неважечки.
Изборот се спроведува поради истекувањето на мандатот на досегашниот раководител на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
