Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина

Јапонец, кој се бореше на украинска страна, загина во борбите против Русија. Тој е првата позната јапонска жртва во оваа војна, соопшти денеска Владата на Јапонија.
Како што појасни портпаролот на Владата, Хироказу Мацуно, се работи за момче во дваесеттите години, убиено во борба во средата.
Мацуно додаде дека јапонски дипломати се „во контакт со неговото семејство и ќе му ја пружат целата потребна помош“.
Јапонските власти не откриваат повеќе детали.
Јапонија со месеци ги повикува нејзините државјани да ја напуштат Украина и да не патуваат во земјата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари отворено ги повика странците од целиот свет да се приклучат на „меѓународната легија“, што се бори против Русија во неговата татковина.
Околу 20.000 меѓународни волонтери, мнозинството од европски земји, одговорија на повикот на Киев во март, информираше тогаш за Си-ен-ен, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Москва, што овие борци ги нарекува платеници, во јуни оцени дека ги има 7.000 и утврди оти убиени се 2.000 од почетокот на конфликтот. Странски борци има и меѓу заробениците.
Минатата недела, властите на Тајпеј информираа дека во борба е убиен 25-годишен Тајванец, кој се борел во Украина против руските сили, што е прва позната жртва од Тајван.
Ново на Сител
-

На пола милион граѓани во Македонија годинава им бил побаран поткуп, а 448 илјади дале мито
-

Во голема акција разбиена група која организирала нелегално коцкање во Скопје - Осомничени 8 лица
-

ДДВ-то од 18% за малите пратки од Тему и Али Експрес е вклучено во цената која ја плаќаат граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
-

Родовата еднаковст како европски стандард
-

Електронски ќе се вадат потврдите за царински долг
-

Странските студенти на УГД го менуваат фокусот, информатика пред медицина
