Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за цел да го зајакне домашното земјоделско производство и да ја подигне свеста за квалитетот на македонските земјоделски производи.
Како што соошпшти Министерството, главни цели на кампањата „Македонско Најдобро” се: зголемување и зајакнување на домашното земјоделско производство; обезбедување просперитет на руралните средини; подигнување на свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи; обезбедување полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и преработки од истите.
- Изработена е дигитална платформа makedonskonajdobro.mk преку која се овозможува: за земјоделците: Регистрација и промоција на свежи земјоделски производи; за преработувачите: Презентација на автентични македонски преработки; за продажните центри: Регистрација на геолокации на продажни места, стои во соопштението.
Оттаму додаваат дека платформата содржи интерактивна мапа „Каде да купам” која преку автоматска геолокација им помага на граѓаните да ги пронајдат најблиските продажни места за домашни земјоделски производи и преработки, со можност за филтрирање по категорија или специфичен производ.
Најавуваат дека во скоро време ќе се објави и посебна мобилна апликација која ќе овозможи уште полесен пристап до информации за домашните земјоделски производи и преработки.
- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани земјоделци, преработувачи и продажни центри да се регистрираат на платформата makedonskonajdobro.mk и да станат дел од оваа значајна иницијатива. Со избирање на македонски производ, не избираме само храна или продукт – туку директно инвестираме во нашата економија, создаваме нови работни места и ја зајакнуваме стабилноста на нашата земја, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија