Охрид е подготвен за новогодишните празници
Охрид подготвен за дочекот на Новата година.Хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје ќе бидат исполнети со туристи од нашето соседство пред се од Бугарија и Србија Црна Гора, Косово, Грција, и Албанија но нема да изостанат ни и оние од подалечните земји и домашните кои имаат свои викенд станови .
Цените на хотелските аранжмани за новогодишните празници се слични на изминатите години,се нудат примамливи понуди а а најбарани се тридневните аранжани .
За збогатување на понуда и оваа година ќе се одржи новогодишниот базар на Охридски ракотворби каде занаетчиите на странците им ги презентираат своите автентични, рачно изработени дела.
Последни подготовки се правата и во кафетериите ,рестораните и ноќните барови кои нудат забави за сечиј вкус.
Инаку за најлудата ноќ во годината на градскиот плоштад во Охрид присутните ќе ги забавува Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон“.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
