Фудбал
22. April 2026 - 18:48

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот

Првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија меѓу ГФК Охрид Л. и Силекс заврши 1:1. Гостите подобро го отворија мечот, но домаќините поведоа преку Иван Глигоров по убава тимска акција.

Силекс израмни пред паузата, кога Ади Алиќ погоди со глава по асистенција на Дарко Додев.

Во второто полувреме Силекс пропушти неколку шанси, главно преку Додев. Кој ќе биде финалист во купот ќе се решава на 6 мај во Кратово.