Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
Двата крајезерски града нудат услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конференции но за разлика од изминатите години бројот на овие организирани настани бележи намалување.
Конгресниот туризам игра клучна улога во продолжувањето на туристичката сезона надвор од летната сезона привлекувајќи посетители од сите краеви ширум светот.
Хотелиерите тврдат дека само на ваков начин можеме да имаме туризам 365 дена во годината. Охрид покрај класичен туризам, сончање и капење има многу повеќе да понуди само треба добра организација и визија за развој на оваа стопанска гранка.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
