Македонија
7. April 2026 - 12:15

Охрид ќе добие нови летни сцени

Охрид ќе добие нови летни сцени .Ќе се реконструираат постоечките кај охридската касарна,плоштадот Вангел Наумоски и сцената кај трговскиот центар Амам со што ќе се збогати културната понуда  во градот .

Со изградбата на летните сцени градот  ќе добие нови локации каде ќе се организираат бројни настани, а ќе им овозможат на охриѓани и туристите да уживаат во квалитетни културни и музички изведби.

 Фестивалите и настаните кои се одржуваат на повеќе  сцени нудат поголема автентичност за посетителите.Културните манифестации го промовираат не само Охрид, туку и помалите туристички  места.